Нудистичко одморалиште на медитеранскиот брег на Франција бележи пораст на бројот на заразени со коронавирус, па на нудистите им се препорачува да носат маски и социјално да се дистанцираат.

Тестирањата покажаа дека 30% од стапката на новозаразени е поврзана со луѓе кои го посетиле Кап Д’Агд, место кое го посетуваат нудисти. Тоа е за четири пати повеќе во однос на 7% стапката на заразени меѓу луѓето во тоа подрачје кои не ги посетувале нудистичките плажи.

Здравствените власти сметаат дека на тие места најверојатно не се почитувало социјалното дистанцирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.