Славица Димовска е најниската жена во Македонија. Живее во општина Чашка. Има 61 година и само еден метар висина.

Досие ја посети по втор пат. Таа сама се бори во животот со големите предизвици кои ги има како лице со инвалидитет. Најмногу во животот жали за мајка и која починала на нејзиниот 13-ти роденден. Била тепана и избркана од семејството. Живее со 4000 денари, нема бојлер и се капи со стоплена вода во тенџере.

Куќата ѝ е руинирана и не е нејзина, но барем има кров на глава. Ѝ починал сопругот и сега е сосема сама. Единствена желба ѝ е да добие бојлер за да се капи како човек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.