Македонските авантуристи, Ѓоко Шуклев и Ѓорѓи Николов утрово не можеле да ја преминат монголско-кинеската граница зашто немале договорено туристичка агенција и кинески возач со кој би се движеле на територијата на Кина. По 18 дена возење од Стојаково до оваа граница и поминати речиси 10.000 километри, тие се се соочуваат со проблем за кој во потребните документи од кинеската амбасада не им било посочено.
Ја предложивме и опцијата да влеземе барем ние, но ни е страв да не му се случи нешто на возилото, односно да не ни го украдат, оти нема опција да се паркира на безбедно место. Имаме најуредна документација, сѐ е преведено на кинески јазик, а никој од кинеската амбасада не ни кажа дека најмување туристичка агенција е битен услов за да можеме да влеземе во земјата. Ние во возилото не ни имаме место за уште еден човек затоа што носиме опрема. Во Монголија не можеме да се вратиме оти имаме само транзит-виза, велат Шуклев и Николов.
Да биде проблемот уште поголем, овој граничен премин не работи 24 часа. Министерството за надворешни работи за Факултети.мк изјавило:
Запознаени сме со проблемот на возачкиот тандем Шуклев и Николов од Стојаково на нивното патување со возилото „рено 4“. Во директен контакт сме со нив, со надлежните власти преку нашата амбасада во Пекинг, како и со кинеската амбасада во Скопје. Правиме сѐ што е во наша надлежност во правец на брзо решавање на проблемот со кој се соочуваат Шуклев и Николов.
(Извор – Мајмунче.мк)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.