Дарко Лазиќ и неговото семејство во моментов минуваат низ вистинска агонија, откако состојбата на неговиот татко се закомплицирала после операцијата на желудник, која ја имал.

Дарко на новинарите им рекол дека татко му е лошо и дека лекарите на неговото семејство му порачале дека треба да бидат подготвени на се, а сега се огласи и мајката на пејачот и откри во каква состојба е во моментов нејзиниот сипруг.

Состојбата е иста. Нема подобрување – рекла очајната Бранка, мајката на Дарко.

Го оперираше желудникот и му се слошило. Што се случило, никој не знае. Знам само дека целиот мозок му е оштетен, дека му застанало срцето, го реанимирале. Навистина не знам што се случило. Отиде жив и здрав во болница – објаснил Лазиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.