Македонската јавност неодамна ја запозна веројатно најсреќната добитничка на игрите на Државната лотарија, Ѓурѓа Георгиева која изминативе години освоила голем број на вредни добивки.
Taa во декември 2014-та освоила една од 10-те премии Голф 7 на инстант лозот Седма Брзина. Георгиева долги години живеела во Швајцарија, каде инстант лотаријата ја играла од забава. Гребењето инстант лозови и станало дел од секојдневието, па по пензионирањето и враќањето во својата земја, го зголемила обемот на купување инстант лозови, како што вели, заради многу поприфатливите цени на лозовите кај нас.
Инстант лозови, покрај во Ново Село и Струмица, купува и во Штип, Велес, Скопје и во Прилеп каде оди во посета на кумовите. Во нејзината ташна секогаш има лозови и кога во болница го чекала породувањето на својата снаа и кога чекала по ародроми и кога оди на гости. Нејзината пасија кон инстант лотаријата оди до таму што порачува по сопругот, пријатели и такси возачи од Ново село да и купуваат лозови од различни градови низ Македонија.
Таа никогаш не купува помалку од по 200 лозови дневно и никогаш добивките од по 5.000 денари и помалите не ги зема во пари туку во лозови. Воедно не пропушта свадба, или друг позначаен настан без да подари инстант лозови, кои ги пакува во убави букети.
Од кога Георгиева се вклучила во игрите на Државнта лотарија од 2014-та до сега, за пет години, таа освоила вкупно две возила, четири парични премии и еден смартфон. Воедно има освоено и други парични добивки од втора, трета и пониски категории.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.