За време на посетата на САД во 1971 година и средбата со претседателот Ричард Никсон, југословенскиот лидер Јосип Броз – Тито бил пречекан со највисоки почести.
Кога двајцата претседатели го започнале состанокот пред новинарите и фоторепортерите, Тито извадил и запалил кубанска пура, која што му ја поклонил лично Фидел Кастро.
Пушењето е строго забрането во Белата куќа, а и посетата на Тито на САД била во време на заострени односи помеѓу САД и Куба, каде што лидер беше Фидел Кастро.
– Господине претседателе, ние во Белата куќа не пушиме, му се обратил Никсон.
На што Тито му одговорил:
– Добро за вас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.