Додека голем број жители на Тајланд ја одбележуваат Нова година со огномет, стотина верници одат во храмот Такиен во предградие на Бангкок да лежат во м*товечки сандаци во текот на традиционалниот ритуал.

Учесниците на бизарната церемонија веруваат дека тоа ја симболизира смртта и повторното раѓање и оти тоа им помага да се ослободат од лошата среќа, како и оти тоа ќе им донесе нов почеток во следната година.

За време на обредот тие во рацете држат цвеќе и темјан, додека свештениците ги покриваат со розови чаршави и при тоа изговараат молитви.

Мнозинството Јапонци за Нова година ги посетуваат манастирите и светилиштата, а околу 30.000 од нив 2019 година ја дочекаа гладајќи боксерски натптевар меѓу Флојд Мејведер и кикбоксерот Тенџин Насукаве.

Во Кина Нова година се одбележува воглавно во централните провинции, а за Кинезите е многу позначајна кинеската Нова година, која е во февруари, а се дочекува првенствено во храмовите со ѕвонење и молитви.

Во Русија Нова година се дочекува во 11 временски зони, додека граѓаните на Париз и туристите се собираат на Елисејските полиња.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.