Една невеста починала на сопствената венчавка во Индија, но сепак, свадбата се одржала, при што младоженецот едноставно се оженил со нејзината сестра. Оваа неверојатна случка се случила во индиската држава Утар Прадеш.
Како што пренесува локалниот портал „Њуз18“, невестата Сураби доживеала срцев удар во текот на свадбената церемонија со младоженецот Маној К.. Младенците разменувале венци на традиционален хиндуистички начин кога Сураби се срушила. Лекарот можел само да ја прогласи за мртва.
Сепак, наместо да ја откажат прославата поради трагичниот настан, семејствата смислиле бизарно решение – церемонијата да продолжи, а младоженецот Маној К. се оженил со сестрата на починатата невеста.
Нејзиниот брат Саураб рекол дека „тие не знаеле што да прават во таа ситуација“.
Семејствата се консултираа и некој предложи мојата помала сестра Ниша да се омажи за младоженецот. Сите се согласија со тоа – рекол тој.
Телото на починатата невеста било однесено во соседната соба.
Тоа беше тешка одлука. Семејствата помина низ разни емоции. Едната ќерка беше мртва во собата, а венчавката на другата ќерка се одржуваше во соседната соба – изјавил чичкото на починатата Сураби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.