Популарната стрим-платформа Нетфликс е под силни критики по објавувањето на филмот „Mignonnes“ („Cuties“, „Слатки девојчиња“), што според многумина, промовира и поттикнува педофилија.

Филмот е за неколку 11-годишни деца од Сенегал што живеат во Франција и се здружуваат во женска танчерска група.

Според критикувачите, сцените со настапите на малите девојчиња, имаат силен сексуален контекст.

На Твитер почна и кампања #CancelNetflix.

Од друга страна, пак, на интернет-страницата „Ротен томатос“, филмот има и позитивни критики.

На ИМДБ, филмот засега е оценет 1,7 / 10, што е доста ниска оценка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.