Светот е шокиран од спектакуларниот грабеж кој се случи во музејот во Дрезден.Ова е најголем грабеж во историјата на Германија каде се украдени колекции на накит вреден една милијарда евра.

Музејот се вика „Зелен трезор“ и таму се чува една од најголемите колекции накит во Европа која потекнува од периодот на Август Втори.

Целиот грабеж е совршено организиран и се случил во пет часот изутрина кога дошло до прекин на електичната енергија и се исклучиле безбедносните камери, по што крадците влегле низ прозор.

За среќа 41 каратнииот зелен дијамант бил на позајмница во Њујорк, но не е познато дали е украдена скулптурата Маора која е обложена со смарагди и сафири која била подарок од рускиот цар Петар Први.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.