Британката Лили Паулес од Гримсби излегла во познат ноќен клуб со другарките. Младата девојка одлично се забавувала сè додека во еден момент не забележала дека еден непознат маж се “вртка“ околу нејзината маса, а потоа се посомневала дека нешто ѝ ставил во пијачката.

Бидејќи била многу внимателна, веднаш реагирала. Кога тој отишол во тоалет, ја искористила приликата, за да ги замени нивните чаши.

Неколку часа подоцна, пред да излезе од клубот, Лили го видела странецот како лежи на мокар тротоар.

Истиот човек двапати ми го зема пијалокот, па кога се врати да ми донесе ново, видов дека нешто истура во чашата. Кога појде во тоалет ги заменив чашите и подоцна го видов онесвестен на мокар тротоар. Ти благодарам што го испи тоа наместо мене, кој и да си – открила Паулес во објава на Твитер.

Иако е очигледно дека сакала да ги предупреди другите млади девојки да обрнат внимание на своите пијалоци, како и на момците кои им се додворуваат во ноќните клубови, Лили имала и лоши коментари на оваа социјална мрежа.

Некои тврделе дека приказната е плод на нејзината фантазија и дека само бара внимание на интернет, но меѓу нив имало и пораки од запрепастени луѓе.

„Секоја чест што си забележала дека нешто не е во ред. Мислам дека никому не би паднало на памет да проверува пијалок“, „Луѓето кои се подготвени да им подметнат опијати на другите заслужуваат таква ‘одмазда’“, „Работам како обезбедување во една дискотека и мора да признаам дека ова е нашата тажна реалност. Многупати сум видел такви сцени. Девојки, водете сметка“, се само дел од коментарите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.