Возач во делчевска приватна фирма, враќајки се од терен на патниот правец Струмица Делчево се соочи со огромна змија која се мајде на хаубата од неговото возило.

Возачот, Ѓорѓи Ивановски, не знае како змијата дошла таму, но со помош на бришачите усепеа да ја отстрани змијата од возилото..

Како што вели тој, ова е прв пат да му се случи такво нешто, а според него, постои сомнеж дека змијата најверојатно му била подметната, објави „Делчево365.мк“.

Одам често на пат, но ова прв пат ми се случува. „Змија“ на хауба досега немав забележано никогаш. Сум слушал приказни дека змии можат да се скријат во мотор од автомобил, но ни на сон не верував дека нешто слично може да ми се случи. Змијата на хаубата ја забележав на враќање од Струмица. Имаше мала гужва со луѓе на одредени места додека бев во Струмица и затоа сметам дека змијата е подметната, иако не можам со сигурност да потврдам. Можно е змијата цело време да била на хаубата уште од поаѓањето од Делечво за Струмица. Интересно беше што најпрво мислев дека е прачка и не обрнував внимание, но кај месноста Крива Круша се поткрена змијата и се чудев извесно време што да направам. Ако ја турнам преку прозорецот со некој предмет, си помислив може да влезе во моторот. Тогаш се сетив дека со бришачите ќе ја оттурнам и така и направи. Зад мене имаше автомобил и чиста среќа што беше малку подалеку и не се префрли змијата на хаубата од тој автомобил – вели Ивановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.