Минатата пролет, Фиона Пресли, библиотекарка од Инвернес, доживеала случка која никогаш нема да ја заборави. Додека Фиона работела во својата градина, забележала пчела која немала крилја и имала многу мали шанси за преживување.

Таа без двоумење решила да го спаси малиот инсект, па создала мини затворена градина за својот нов миленик и секој ден му носела шеќерна вода.

Секој пат кога Фиона ќе застанела пред градината, пчелата се појавувала да ја поздрави, па дури и уживала да се гали со својата сопственичка.

Иако ова пријателство не можело да трае вечно поради краткиот животен век на инсектите, Фиона секогаш ќе се сеќава на нејзиниот мал пријател.
Иако ова пријателство не можело да трае вечно поради краткиот животен век на инсектите, Фиона секогаш ќе се сеќава на нејзиниот мал пријател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.