Актерката Џесика Кемпбел почина на 38-годишна возраст. На македонската публика ѝ е најпозната по филмот „Избори“ во кој глуми покрај Рис Витерспун и Метју Бродерик, а првата позначајна улога ја имаше во 1992 година во серијата „Она што е најдобро за децата“ каде глуми заедно со ѕвездата од „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер.

Пред неколку години Кемпбел се повлече од актерството за да ѝ се посвети на неврохирургијата.

Трагичниот настан во кој го загуби животот се случил за време на пракса со нејзините пациенти. Актерката изгубила свест, а лекарите не успеале да ѝ помогнат.

Причината за смртта се’ уште не е позната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.