Една празнична вечера се претворила во трагедија, кога еден гостин го погодил и усмртил заскитан куршум.
Џемил Аргељес со сопругата дошол на забава која по повод божиќните празници ја организирал неговиот пријател во својот двор во округот Мајами Дејд.
Последните моменти од неговиот живот забележани се со камера на мобилен телефон.
Имено, додека седел на масата, до него долетал заскитан куршум и го погодил во гради, после што паднал од столица.
Собраните прво не знаеле што се случува. После човекот кој седел до него се обидел да го крене и сите други тргнале кон него. Викнале брза помош, но била само конастатирана неговата смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.