Поранешниот учесник во реалното шоу Големиот брат, Никола Немешевиќ Немеш повторно е во центарот на вниманието кога во фирмата во која до неодамна работеше, даде отказ и тоа со плех музика!
Имено Немеш прво снимил што се случило претходниот ден кога според него сопственичката на фирмата ги малтретирала колегите и него. Ова бил негов начин да и се освети.
Вчера сопственичката на фирмата во која работам беше неверојатно груба кон моите драги колеги и кон мене заради еден мал пропуст кои го имавме и тоа не беше изолиран случај. Јас нема да работам за луѓе само затоа што мислат дека ако некого плаќаат можат да го навредуваат и понижуваат, па решив дека ова повеќе не е за мене и од денес максимално ќе се посветам на музиката, а потоа под дуксерот го покажа натписот на кој стоеше „Давам отказ“.
Како изгледал првиот телефонски разговор
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.