Гренланд се стопил до точка по која нема враќање, а напорите за забавување на глобалното затоплување нема да ја спасат ледената површина од распаѓање, покажува нова студија на истражувачите од универзитетот Охајо Стејт, пишува СиЕнЕн.
Ледената површина сега е во нова динамична состојба. Дури и да ја вратиме климата на нивото каква што била пред 20 или 30 години, сепак ќе се загуби прилично голема маса, вели Јан Ховат, еден од авторите на студијата и професор на универзитет во Охајо.
Ледената површина на Гренланд годишно губи повеќе од 280 милијарди метрички тони мраз кој се топи во океанот, што е најголем поединечен придонес во зголемувањето на глобалното ниво на морињата, вели Михалеа Кинг, водечка авторка на студијата и истражувач на универзитетот во Охајо.
Губењето на мразот во последниве години е толку големо, вели Кинг, што предизвика мерливи промени во гравитационото поле над Гренланд. Топењето на мразот на Гренланд придонесува за покачување на нивото на морето за повеќе од милиметар секоја година и веројатно тоа ќе се влошува и понатаму.
Експертите прогнозираат дека нивото на морето ќе се искачи за повеќе од еден метар до крајот на векот и ќе ги збрише плажите и крајбрежните имоти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.