Постојат неколку начини за природна одбрана против летните напади од комарци…

Лукот има неколку својства на одбивање комарци. За да се испроба овој метод, се гмечат неколку чешниња и потоа се варат во вода. Се истура растворот во шише со распрскувач и се попрскува низ собата, гаражата итн. Комарците ќе исчезнат за неколку минути, а и мирисот на лук многу брзо ќе испари, така што нема потреба од никаква грижа.

Маслото од лаванда има мирис што комарците не го поднесуваат. Само испрскајте низ домот, а може и на телото, па комарците ќе избегаат.

И талогот од кафе може да помогне онаму каде што има застоена вода. Тоа е едно од вообичаените места за размножување на комарците, а сè што треба да се направи е да се истури малку талог од кафе во старата вода. Јајцата на комарците така ќе излезат на површината и ќе угинат.

Нането, исто така, помага. Само поставете свежо масло од нане, или пак, свежо набрано како растенија, некаде во домот, по што комарците ќе исчезнат.

Комарците, исто, не толерираат мирис на пиво и друг вид алкохол. Се става чаша пиво или некој друг алкохол во собата и комарците ќе ги снема сами по себе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.