Жена во Аргентина останала во шок кога открила дека нејзината мајка е жива само неколку секунди пред да ја кремираат.
Старицата(89), која не е именувана, била примена во приватна болница во Рестенсија, на северот на земјата, откако се пожалила на болка во градите. Наредното утро на нејзината ќерка и дале умреница, бидејќи жената наводно починала после срцев удар, пренесува Дејли Мејл.
Додека погребните работници се подготвувале старата жена да ја превезат преку подвижната лента кон крематориумот, нејзината ќерка го запрела процесот, откако забележала дека нејзината мајка се уште дава витални знаци.
Жената е вратена на клиниката, каде во моментов се наоѓа на интензивна нега, пренесуваат локалните медиуми.
Ќерката ја пријавила клиниката, а властите потврдиле дека ќе спроведат истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.