Крис и Денис Тудор Велан се запознале во далечната 1989 година. Во тој период двајцата работеле во еден трговски центар. Се заљубиле, се венчале и започнале бизнис кој им донел огромно богатство.
Нивниот живот изгледал како од бајка, се до кризата во банкарскиот сектор во 2007 година. Во таа година тие останале без се’ што заработиле. Парот започнал бизнис со недвижности и градежништво.
Направивме бизнис од ништо, често станувавме во 4 часот наутро и работевме 7 дена во неделата. Доколку ни пропаднеше бизнисот затоа што сме биле невнимателни, ќе разберев, ќе сфатев доколку луѓето мислеа дека сме го заслужиле ова. Но ништо од ова не е наша грешка”, вели Крис за Daily Mail.
По банкротот, ќерките ги преместиле во државни училишта, ги продале автомобилите. По ова што им се случило двајцата не можеле да пронајдат работа, па морале да се пријават за социјална помош. Сега примаат по 217 фунти на секои 2 седмици, и живеат во куќа која ја изнајмиле од пријатели кои останале крај нив во тешките моменти.
Ни кажаа да направиме две CV-јa, едно вистинито, кое го содржи сето мое работно искуство и едно лажирано. Се пријавив за стотина работи, од кои речиси ниедна не беше со повеќе од 50.000 фунти годишна плата. Ми кажаа да се јавам за работа кај помошниот менаџер во Теска или Бургер Кинг, и токму тоа го направив. Таму ми рекоа дека тие работи “не се баш за мене”. А јас би работел било што, вели Крис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.