Либиските власти го ослободиле, после повеќе од 7 години, синот на Муарем Гадафи, Садиј од затворот в Триполи, а тој веднаш дошол во Турција.

Сади Гадафи бил познат по тоа што живеел како плејбој додека неговиот татко бил на власт, исто така бил и професионален фудбалер, а пребегал во Нигер за време на војната против неговиот татко, пренесува Гардијан.

Но, сепак бил пронајден и испорачан во Либија во 2014 година и оттогаш бил во затворот во Триполи.

За време на борбата, тројца од седумте синови на Гадафи биле убиени и земјата западнала во хаос, додека ривалските фракции се бореле за власт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.