Откако решија да се повлечат од кралските должности и да водат независен живот, Меган Маркл и Хари најпрво својата среќа ја побараа во луксузна вила во Канада, но поради затворање на границите, поранешната кралска двојка се пресели во Лос Анџелес.

Со оглед на тоа што целиот свет е во тешка состојба, Меган и Хари, наводно, во моментов не можат да најдат работа, а таблоидите тврдат дека двајцата наскоро би можеле да бидат сиромашни.

Тие сè уште немаат сопствен стан – вели извор близок до парот за таблоидот, откривајќи како се справуваат со кризата.

Спијат на кревет на расклопување кај еден пријател. Неговото Височество Хари е практично бездомник – објаснува изворот, додавајќи дека целата ситуација е уште полоша затоа што го имаат 11-месечениот син Арчи, за кој едвај можат да си дозволат дадилка.

За да се дигнат на нозе што е можно поскоро, Меган дава се од себе за да се врати на актерството, а за тоа многу и помага и нејзиниот 35-годишен сопруг, кој беше „фатен“ пред еден месец убедувајќи лидер на Дизни да ја ангажира Меган да го позајми гласот на еден од нивните анимирани филмови.

Сепак, за Хари се знае дека има фонд оставен од неговата мајка, принцезата Дајана и други бенефити кои ги уживаше како принц, но и тоа дека откако нема кралска титула, „изворот“ на финасии е драстично намален.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.