Турскиот актери Фахрие Евџен и Бурак Озчивит го очекуваат доаѓањето на свет на нивното прво дете. Глумците кои македонските гледачи ги запознаа во улогите на Неџла од серијата „Кога лисјата паѓаат“ и Кемал од „Карасевда“, наскоро ќе станат родители на момче.

Убавата актерка на Инстаграм сподели фотографии на кои до држи трудничкото стомаче. На друга фотографија пишува: „Те чекам тебе, мој ангелу“, а долу стои името на нивното неродено синче – Каран.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.