Српската актерка Неда Арнериќ, една од најпознатите српски и југословенски актерки која ја играше главната улога во македонскиот филм „Исправи се Делфина“, во тешка состојба синоќа била пренесена во Ургентниот центар во Белград, јавуваат медиумите на таа земја.
Според „Блиц“ нејзиниот брат ја пронашол онесвестена на подот во нејзиниот стан. Неда телефонски му се јавила на брат ѝ, кој со помош на бравар ја обил вратата од станот на актерката.
Дел од медумите објавија дека можеби станува збор за обид за самоубиство, но засега нема официјални информации.
Арнериќ вчера требало да се појави на меѓународниот филмски фестивал „Фест“ каде бил прикажан нејзин филм, но не се појавила.
Во средината на декември почина сопругот на Арнериќ, д-р Милорад Мештеровиќ, но таа веста за неговата смрт ја споделила само со најтесен круг пријатели. Пред три години Арнериќ паднала од терасата на станот на трети кат, при што го повредила ‘рбетниот столб. И тогаш се шпекулираше дека станува збор за самоубиство. Наводно по падот, а пред операцијата таа му признала на анестезиологот дека сакала да го заврши животот најмногу поради болеста на нејзиниот сопруг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.