Во книгата насловена „Никогаш повеќе нема да го видиш светлото на денот“ 26-годишната Ирка Михаела Меккалум пишува за своето травматично искуство во перуански затвор, каде што заглавила во 2013 година откако била фатена на аеродром во Лима додека се обидувала да прошверцува поголемо количество кокаин.

Кога пристигнала во затворот, ја соблекле гола, ѝ ставиле лисици на рацете и ѝ кажале дека никогаш веќе нема да го види светлото на денот. Така настанал и насловот на книгата.

Меккалум од Cеверна Ирска и нејзината пријателка, Шкотланѓанката Мелиса Рид, биле уапсени и осудени поради обид за шверц на кокаин вреден милион и пол фунти. Двете прифатиле да го прошверцуваат кокаинот од Перу поради привлечната сума пари што требало да ја добијат за завршената работа.

Во книгата ги опишала шокантните и развратни сцени од ќелијата. Таму, вели, немала право на никаква приватност и од ден во ден била принудена да гледа други затворенички како имаат секс. Опишувајќи го сексот меѓу затвореничките, таа признава дека не знаела на каде да гледа. Меѓу другото открива дека во затвворот постоеле и т.н. „четос“, затворенички кои биле искористувани само за секс, но и оние кои зад решетки само барале љубов.

Кога делите ќелија со уште 99 жени, можете да заборавите на било какво право на приватност. Се гледате едни со други додека се туширате или мокрите… па што е тогаш проблем малку секс меѓу вашите стотина пријателки, прашува иронично поранешната затвореничка.

За четосите, пак, вели дека нападно ја покажувале својата сексуалност.

Ми покажуваа фотографии од своите деца и сопрузи, а потоа ги гледав со главите забиени во туѓи меѓуножја. Кога ги посетуваа сопрузите или момчињата, не можеа да се воздражат, се качуваа по нив, а во студените зимски вечери бараат алтернативни извори на уживање. Се предаваа на страста како тоа да им е последно нешто на светот. Бев шокирана од интензитетот на нивната страст, никогаш не сум видела нешто слично, напишала таа.

Во една прилика, како што вели, разговарала со една девојка покрај себе, кога почувствувала туркање од другата страна.

Се завртев и видов девојка како има секс со затвореник. Баш така, веднаш покрај мене, пред стотина очи. Беше тоа чудна ситуација. Другите затворенички седеа на столчињата, разговараа и гледаа како тоа да е нешто најнормално на светот, напишала Михаела МекКалум.

Иако првобитно била осудена на шест години затвор и на слобода требало да излезе оваа година, Михаела била ослободена во 2016 година. Во меѓувреме станала мајка на близнаци и напишала книга со која сака да ги отплати долговите на своето семејство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.