Оваа година, според прогнозите на светските научници, би можела да биде најтоплата било кога забележана на планетата, а високите температури, најверојатно нема да ја заобиколат и нашата земја.

Американските научници од Националната управа за океани и атмосферата објавија дека има дури 75 отсто шанси 2020 година да биде најтоплата на Земјата во историјата на мерењето. На ова укажува податокот дека првите три месеци од некоја година биле потопли само во 2016 година, кога е забележано силното влијание на феноменот Ел Нињо, кој со загревање на Пацификот влијаеше на глобалниот тепрературен просек.

Според предвидувања за регионот во наредните пет месеци не очекува претежно топло време со нешто повисоки температури. Мај и јуни ќе бидат потопли и просечно влажни.

Како што календарски се ближиме до летото, така ќе расте и температурата, која се очекува во јули и август да биде далеку над 30 степени.

Изгледа топло лето е пред нас, а се уште не се знае дали ќе можеме да патуваме и летуваме, како би избегале од високите температури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.