Новата 2020 година е на прагот, за неполн месец ќе отвориме уште едно животно поглавје, а според народните верувања многу започнати проекти во престапна година никогаш не се реализираат. 2020 година ќе има еден ден повеќе. Во престапна година не се прават венчавки и свадба, ниту се гради куќа. Среќлии се само децата што се родени во годината. Народот верувал дека се што се прави во престапна година има кус рок, иако годината има ден повеќе.
Ова е листа со работи кои е најдобро да не ги почнувате во 2020 година:
1. Изградба на куќа (Може да дојде до несреќа, поплава, пожар или лизгање на земјиштето)
2. Не се препорачува ниту селењето
3. Промената на работното место не е најдобрата идеја
4. Забpaнето е да се венчате или да си дадете збор во престапна година
5. Ако сте планирале да отпочнете свој бизнис, почекајте до наредната година
Дали ќе ги почитувате овие забрани или не, зависи од вас. За разлика од негативните работи кои се верува дека ги носи престапната година исто така постојат и позитивни работи за кои се верува дека треба да се направат:
Среќа е да се родиш на 29 февруари
Можноста да се родите на 29 февруари е 1 спрема 1.461, математички пресметано значи да имате 0,068 отсто среќа.
Дамите запросуваат
Во многу западни земји постои обичај на 29 февруари дамите да можат да го запросат својот партнер. Според последната анкета, дури 25 отсто од жените се изјасниле дека не би им било срам да клекнат на колена и да ја побараат раката на оној што го сакаат. Дури 50 отсто од мажите не би се бунеле кога тоа навистина би се случило, а речиси 16 отсто мислат дека со тоа ќе им падне огромен товар од срцето зашто до сега не ја запросиле својата партнерка од страв да не бидат одбиени.
Потпишете го договорот, на 29 февруари!
Според народните верувања, целата престапна година не е добра за започнување нови бизниси. Но астрологијата пак вели дека 29 февруари е идеален за нова работа. Имено, среќната поставеност на Сонцето и Јупитер треба да се искористи за потпишување договори, зашто ќе „паѓаат“ исклучително добри деловни понуди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.