Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, беше главна ѕвезда на третата вечер на познатиот музички фестивал Сан Ремо.
Откако вечер претходно главна ѕвезда беше Новак Ѓоковиќ кој запеа на сцената, вчера главна ѕвезда беше атрактивната Шпанка, која имала дури два свои настапа на сцената.
Сепак најмногу се зборуваше за нејзината појава во белиот фустан со длабок шлиц кога имала проблем да клекне, како не би се видело премногу.
Водителот се обидел малку да ја провоцира кога облекол дрес на играч на Интер Лукакуа, но таа му вратила со покажување на знамето на Јувентус, за потоа нејзиниот сакан Кристијано да и го подаде неговиот дрес од Јувентус.
Убвата Георгина подоцна ги покажа и своите играчки способности во друга комбинација на облека, со што го собра вниманието на сите присутни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.