Страста кон спортското обложување е опасна работа, посебно ако поради некоја причина обложувалниците не работат.
Денеска, со одлука на Владата после два месеци од корона-кризата, се отворија обложувалниците. Еден страсен играч на „спортска“ не можел да дочека и уплатил најбрзо што можел.
Само 12 минути му биле потребни за да направи добитно ливче. Добитниот тикет е уплатен 12 минути по 10 часот, а типувачот само со три пријателски средби и уплата од 1.000 денари добил малку повеќе од 100 евра, вкупната добивка е 7.526 денари.
Обложувачот ќе мора да почека до 14 часот за исплата, но секако е задоволен што на убав начин му тргна обложувањето по два месеци пауза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.