Ниту пандемијата, ниту било кои мерки не го спречиле Ник Автгес од Вотертаун во САД, кој има 88 години да ја види својата сопруга Марион (61) која престојува во дома за стари лица.

Тој го направил тоа на необичен начин. Домот, ги забранил посетите од 14 март заради пандемијата на новиот вид на коронавирусот, што Ник го погодило многу тешко, бидејќи ја посетувал неа секој ден.

Но, нивниот син Крис нашол начин. На Фејсбук тој објавил дека бара некој кој има камион со кран и набргу нашол откако му се јавил пријател од средно училиште.

Тој добил одобрение од домот за стари лица и тргнал во акција. Ник се качил на кранот кој го кренал до третиот кат, до прозорот на Марион.

#operationliftpapou

Gepostet von Christopher J Avtges am Mittwoch, 8. April 2020

– Ова е, пријатели мои, она што треба да не инспирира. 61 година љубов, вера, охрабрување и посветеност. Моите родители се пример на целата наша фамилија и се надевам дека ќе ги инспирира и другите, напишал Крис во објава на својот Фејсбук профил.

– Не сум ја видел седум дена. Да мораа да ме подигнат 10 катови, не би ми пречело. Едноставно морав да ја видам, кажал неговиот татко Ник.

Тие разговарале 20 минути, а пред да го спуштат, Ник на прозорот оставил натпис „Те сакам, душо“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.