Битолчанката Андријана Митревска, на 35-годишна возраст ја загуби битката со ракот. Утрово престана да чука срцето на Ани која по трет пат се бореше со опаката болест.
Пред само две недели во Битола беше одржан хуманитарен концерт на кој собраните средства беа донирани за нејзино лекување. Нејзините пријатели имаа една цел да се врати насмевката на лицето на оваа млада девојка.
Во 2016 година, Андријана помина низ две операции и осум циклуси хемотерапии поради рак на дојка, а во 2018 година таа повторно се соочи со ракот на дојка, плус рак на јајникот и мораше да помине низ шест циклуси хемотерапии. За жал, оваа млада девојка не успеа да го премости последниот предизвик.
Ани ќе остане во сеќавање на битолчани како млада и храбра девојка која своето искуство со болеста несебично го споделуваше и им помагаше на многумина кои се соочуваа со овој здравствен проблем, организирајќи хуманитарни настани за купување на лекови или помош за други трошоци при лекувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.