Тој се вика Инас и учеше во мешаното средно училиште во Травник, БиХ, со настава по босански план и програма. Таа се вика Ела и го посетуваше Католичкиот школски центар „Петар Барнабиќ“, со настава по хрватски план и програма.

Зградите на двете училишта стојат една до друга, помеѓу нив жичана ограда. Едните часови започнуваат во 8 часот наутро, а другите 15 минути подоцна, за одморите измеѓу часови да не им се поклопуваат. За децата од едната, да не се мешаат со децата од другата школа.

Инас и Ела денеска се во брак. Таа католик, тој муслиман, само што се венчаа се фотографираа како младенци баш таму, кај оградата која ги разделуваше, секој од својата страна.

Кај оградата која не ги раздвои.

Фотографијата денес го разнежнува целиот регион и зборува само едно: Љубовта е посилна од сè.

Целата приказна на Јутарњи лист.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.