Научниците пронашле начин да го претворат пластичниот отпад во вкус на ванила со помош на генетски модифицирани бактерии, покажува најновото истражување.
Ванилин, соединение кое носи поголем дел од мирисот и вкусот на ванила, може природно да се извлече од зрна ванила или да се направи синтетички. Околу 85% од ванилинот во моментов е направен од хемикалии земени од фосилни горива.
Загреаваат сад со киселина и микроби, по што 79 проценти од киселината ќе се претвори во ванилин – се вели во истражувањето.
Ванилин се наоѓа во широк спектар на храна, козметика, фармацевтски производи, производи за чистење и хербициди, а побарувачката „рапидно расте“, напишале авторите на студијата. Во 2018 година, глобалната побарувачка за ванилин беше околу 40.800 тони, а побарувачката се очекува да се зголеми на 65.000 тони до 2025 година, според студијата објавена на 10 јуни во списанието „Green Chemistry“.
Побарувачката за ванилин „далеку го надминува“ снабдувањето со зрна ванила, па научниците прибегнале кон производство на синтетички ванилин. Во новата студија, истражувачите користеле нов метод за претворање на пластичен отпад во ванилин, како начин за снабдување со ванилин и намалување на загадувањето.
Истражувањата покажале како пластичните шишиња изработени од полиетилен терефталат (ПЕТ) можат да се распаѓаат за да произведат терафтална киселина. Во новата студија, двајца истражувачи од Универзитетот во Единбург во Шкотска успеале генетски да ја претворат терафталичната киселина во ванилин, користејќи генетски модифицирана бактерија – Ешерихија коли.
Користејќи ја бактеријата Ешерихија коли, научниците успеаја да претворат околу 79% од терафталенот во ванилин – се вели во истражувањето.
ЕКОЛОШКА КРИЗА
Глобалната криза со пластичен отпад сега е препознаена како едно од најгорливите еколошки проблеми со кои се соочува нашата планета – пишуваат авторите на студијата.
Околу 1 милион пластични шишиња се продаваат секоја минута низ целиот свет, а само 14% се рециклираат.
Пластиката што може да се рециклира може да се претвори во влакна само за облека или теписи.
Нашата работа ја предизвикува перцепцијата на пластиката како проблематичен отпад и наместо тоа ја демонстрира неговата употреба како нов ресурс на јаглерод од кој може да се произведуваат производи со висока вредност – вели коавторот Стефан Валас, виш предавач по биотехнологија на Универзитетот во Единбург.
Сега авторите на студијата се надеваат дека дополнително ќе ги подобрат бактериите за да можат да претворат уште повеќе терафтална киселина во ванилин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.