Научникот Грег Брајден претпоставува дека нашиот живот ќе изгледа поинаку и ќе бара одредени јасни промени – во општеството, на работа и во начинот на живот на секој од нас.

Меѓу другото, начинот на кој светот досега функционираше е потполно неодржлив, нагласува Брајден.

По короната, ќе живееме повеќе локално. Сето она што досега сме го набавувале од светот, ќе го набавуваме од некое поблиско, локално подрачје, без разлика дали се работи за храна, лекови или извори на енергија.

Но благодарение на тоа, повеќе ќе ја цениме својата заедница и обичниот човек.

Тоа ќе биде предизвик, но предизвик за кој вреди да се живее. Во одредена смисла, ќе се роди некој нов човек.

Нам ни останува да видиме како ќе не промени искуството со коронавирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.