Тие зборувале дека подморниците ќе можат да се спуштат до историска длабочина, кои би биле глобалните суперсили и дали планетата Земја некогаш ќе постои каква што била тогаш…
Пред неколку децении, многу академици, владини агенции и аналитичари ги објавија своите предвидувања за тоа што ќе се случи до 2020. година. Тие зборувале дека подморниците ќе можат да се спуштат до историска длабочина, кои би биле глобалните суперсили и дали планетата Земја некогаш ќе постои каква што била тогаш.
„Не би бил изненаден кога на мојот 92. роденден би бил во можност да се провозам во антигравитационен автомобил“, напишал математичар и научник Д. Г. Бренан уште во 1968 година.
Некои како Бренан биле многу оптимисти, некои не. Еве што направија и што се случи а што не се случи.

 

1. Животниот век ќе се продолжи и ќе надмине 100 години
Футуристистот Реј Курцвејл во 1999. година предвидел дека просечниот животен век на луѓето ќе се зголеми „над 100 години“ до 2019. година.
„Компјутеризираните здравствени контролори вградени во часовници, накит и облека што дијагностицираат акутни и хронични здравствени состојби многу се користат. Покрај дијагнозите, овие контролори ги превидуваат препораките и интервенциите“, напишал тој во „The Age of Spiritual Machines“ (Возраста на духовните машини).
НЕТОЧНО
Иако тој ги предвидел гаџети кои (како што се фитнес часовниците), тој не бил во право кога станува збор за животното доба.
Просечниот животен век во 2019 година бил 72,6 години, според податоците на Обединетите нации. Просекот е малку поголем во САД и за 2017. година е 78,6 години.
Иако во многу индустријализирани земји просечниот животен век се зголемува, во Америка се случува спротивното.
Обединетите нации предвидуваат дека просечен животен век до 2050 година ќе биде 77,1.

2. Компјутерите ќе бидат невидливи
Курцвејл исто така рекол дека компјутерите ќе бидат невидливи.
„Тие се насекаде, во sидови, маси, столови, накит и во телата. Луѓето широко користат тридимензионални дисплеи вградени во нивните очила или леќи“, напишал тој.
ТОЧНО.
Излегува дека компјутерите навистина се насекаде денес. Имаме паметни домови, паметни маси, столови и многу повеќе.

3. Книгите ќе бидат мртви
„Хартиените книги и документи ретко се користат. Многу документи се скенирани и ставени на располагање преку мрежата ‘Вајарлес’“, навел тој во книгата.
НЕТОЧНО.
Иако вредноста на оваа индустрија, на пример во Соединетите држави, значително се намали од 2014 година, сепак ипонатаму се продаваат 675. милиони книги кои донесуваат заработка од 26. милијарди долари.

4. Се следи секој ваш чекор
За приватноста, исто така, се предвидува да биде голем политички и социјален проблем и секој ваш чекор ќе биде снимен во базата на податоци.
Многумина велат – ТОЧНО.
Телевизорот ве следи, смартфонот ве следи, вашиот интернет прелбарувач знае што правите. Некои нации се под 24-часовен надзор, а повеќето возрасни во Соединетите држави тврдат дека е речиси невозможно да се помине еден ден без некој да собере информации за вас.

5. На светот ќе живеат 8 милијарди луѓе
Некои истражувања од 1994 година покажале дека светската популација ќе се зголеми за 2,5 милијарди, достигнувајќи 8 милијарди до 2020 година.
Само Индија, Пакистан, Бангладеш и Африка ќе донесат 1,5 милијарди.
БЛИСКУ
Во моментов живеат 7,7 милијарди луѓе во светот, се вели во извештајот на ООН во јуни. Населението се очекува да се зголеми за две милијарди до 2030. година, со тоа што Индија ќе го преземе првото место од Кина до 2027 година.

6. Кина ќе биде најголемата економија
Питер Шварц и Питер Лејдан во 1997 година рекле дека Кина ќе биде на врвот на светската економија.
БЛИСКУ
Крај е на 2019 година и сеуште е тесна борбата за првата позиција. Се верува дека Кина и Индија ќе го преземат врвот до 2030. година.

7. Ќе имаме автомобили кои сами возат
Курцвејл напишал во книга дека се експериментира со ова.
Не е далеку од вистината.
Компании како „Тесла“ и „Убер“ тестираат автомобили кои сами возат на одредена локација.

8. Кина ќе биде на пат да стане демократска земја
Шварц и Лејден предвиделе дека иако Кина има „драконски мерки“, ќе биде на пат да стане демократска, но не како што на тоа гледа Западот.
НЕТОЧНО.
Кина продолжува да се соочува со неверојатни наводи за кршење на човековите права против демонстрантите во Хонг Конг, како и скоро еден милион Ујгури кои живеат во провинцијата Сингјанг.

9. Срцевите заболувања и депресијата ќе бидат најчестите заболувања
БЛИСКУ.
Според податоците од 2017 година, петте најчести болести се ннеонатални пореметувања, срцеви заболувања, мозочен удар, инфекции на респираторниот тракт и хронично заболување на белите дробови.

10. Глобалната температура се зголемува
Уште во 1995. година, се предвидувало дека до 2100 година просечната глобална температура ќе се искачи за два степени.
НА ПАТ СМЕ.
Остануваат уште 80 години да се исполни ова предвидување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.