Во Италија е уапсена жена за која постои сомнение дека татко на нејзиниот седум месечен син е 13-годишно дете.

Момчето наводно имало само 13 години кога наставничката почнала да спие со него, а денес има 14 години. Под истрага е и сопругот на жената, кој знаел дека детето не е негово, но го признал.

Парот има и син стар 11 години, но истражувачите почнале истрага дали тоа дете е на нејзиниот сопруг или го родила по евентуална афера со некое помладо момче.

Мојот син стана нервозен, се помалку јадеше, лошо учеше. Го прашав што не е во ред. Ми кажа дека за се е виновна таа жена, дека го сака за себе. Ми рече дека повеќе не сака да оди кај неа и дека детето кое го родила е негово, рекла мајката на момчето.

Осомничената е во домашен притвор од вторникот. На нејзиниот компјутер нашле детска порнографија. Обвинителот Џузепе Николоси рекол дека жената му испраќала пораки на момчето. Му се заканувала дека ќе се убие, бидејќи момчето сакало да ја прекине врската со неа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.