Александар Миладиновиќ од Ниш (34), минатиот месец излегол на пауза од своето работно место, а кога стигнал до неговиот автомобил го дочекала необична глетка. На кровот на неговата кола имало женска торба, а кога ја отворил, имал што да види.

На паузата тргнав до мојот автомобил за да земам нешто од него. Над вратата кај возачот имаше оставена црвенкаста женска торба. Кога ја отворив имаше голем број на банкноти од по 500 евра. Се вознемирив бидејќи никогаш во мојот живот не сум видел толку пари. Не можам со сигурност да кажам, но мислам дека имаше над 50 000 евра во неа, изјавил Миладиновиќ за српските медиуми.

Како што раскажал тој, од торбата за кратко заѕвонел мобилен телефон на кој му се јавила жена која со вознемирен глас му објаснила дека ја изгубила својата ташна во која имало голема сума на пари.

Женски глас ме проколнуваше да и ги вратам парите и ме праша каде се наоѓам. Не минаа неколку минути кога се појави на паркингот. Кога ме виде со торбата почна да ме гушка и бакнува. Ми кажа дека парите биле од продажба на имот кој го наследиле и дека требало да се поделат на неколку дела. Ми рече дека и го спасив животот, се сврте и си замина, изјавил чесниот пронаоѓач кој додал дека потоа дознале дека жената била паркирана до неговиот автомобил, влегла и тргнала со својот кога ја заборавила торбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.