Чад Морис бил на одмор со своето семејство во Тенеси, кога неговите родители одеднаш почнале да врескаат по него за да излезе надвор. Тој истрчал панично од викендицата и не можел да си верува на очите што гледа.
На патот каде што се наоѓал неговиот автомобил стоеле повеќе мечки обидувајќи се да влезат во него. „Кога ги здогледав тие влегуваа во мојот автомобил преку прозорот“, раскажува Чад.
Додека мајката мечка чувала стража, трите мали мечиња успеале да влезат внатре, играјќи се на возачкото седиште, ѕиркајќи од прозорот. „Нѐ видоа дека стоиме понастрана од нив и ги сликаме, но тоа воопшто не им пречеше да продолжат да се забавуваат“, вели Чад.
Откако го истражиле целиот автомобил, тие излегле од него и се обиделе да се качат во следниот паркиран автомобил. Пет минути подоцна, целата група мечки се вратиле назад во шумата. Тогаш Чад се приближил до автомобилот да погледне каква штета направиле играјќи се во него, но штетата не била голема освен скинатото возачко седиште и гребнатините кои ги оставиле на него.
Со оглед на неверојатната случка, автомобилот бил во добра состојба, а Чад и неговото семејство доживеале одмор кој ќе го паметат вечно.
извор: среќа.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.