Хусеин Џума Абдула кој има потекло од нашите краишта, во Дизелдорф, Германија, има берберски дуќан. Неодамна тој имал исклучителен гостин за кој на почетокот не бил сигурен дали новиот муштерија е славниот пејач Стинг.

Газдата и другите бербери за да се осигураат дали славната мега-ѕвезда е нивни гостин, направиле трик – пуштиле музика од Стинг во дуќанот. Тогаш Стинг им шепнал: „Ова сум јас!“, вели Сивер Рада (27), бербер, за „Рајнише пост“.

Според него, гитаристот на Стинг бил во истиот дуќан пред две недели. А пред да заминат за Лион, очигледно му го препорачал берберскиот дуќан на Хусеин.

Инаку песната што му ја пуштиле на Стинг за да проверат дали е тој е “Shape Of My Heart”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.