Сораја Вучелиќ и Душко Тошиќ се запознале случајно, а веќе на прв поглед, сопругот на пејачката Јелена Карлеуша, се заинтересирал со старлетата. Почнал да и се додворува, а кога конечно го прифатила неговиот повик, фудбалерот одушевено ја угостил во Турција, каде играл во тоа време.

Но вистинската работа била кога Сораја втор пат го посетила Душко, но за разлика од првиот, овојпат отишла сама. Во знак на внимание, Тошиќ и подарил скапоцена нараквица картие, целата со дијаманти.

Дека подарокот не е подарок, доколку не го видат сите, старлетите знаат одлично, па во склад со тоа Сораја, својот заработен подарок го објавила на Инстаграм, не насетувајќи дека со тоа ќе ја разоткрие врската со сопругот на Јелена.

Кога Сораја сама дојде во Истанбул, Душко ја изненади со нараквица која вреди цело богатство. Не можеше да верува, се однесуваше кон неа како кон принцеза – открил изворот на српски Курир.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.