На интернет се појави снимка од возач кој се обидел да биде итар и потполно бесплатно да наполни гориво.
Како што се гледа на снимката, мажот седел во автомобилот додека вработен на бензинската пумпа му го наполнил резервоарот. Кога работникот завршил, мажот наместо да изезе од автомобилот и да го плати горивото, едноставно ја притиснал папучата за гас. Но, вработениот покажал брза реакција бидејќи силно го удрил задното стакло на автомобилот кое се скршило.
Возачот можеби добил бесплатно гориво но затоа ќе плати многу поскапо стакло. А, секако ќе мора, сега, да го плати и горивото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.