Една анегдота веќе некое време се врти низ велешката чаршија, а нема потврда дали навистина се случила или е само добра шега.
Како што пишува „Вечер“, пред извесно време, на некоја регистрација во матично, се венчале момче и невеста, која била во веќе поодмината бременост. Сè поминало во најдобар ред, сите мерки за заштита од корона вирусот се почитувале, младите среќни дека почнале ново поглавје во своите животи, се родило и бебето.
И тука почнале проблемите. Во моментот кога требало да го запишат во матичната книга на родени, таму им кажале дека бебето им е вонбрачно, односно родено во врска која не била крунисана со брак.
Дилемата била брзо разрешена, кога забележале дека во изводот од венчаните, невестата била венчана со сведокот.
Грешката се случила кога бракот бил заведен во книгите на венчани. Во графата „сопруг“, наместо младоженецот, по грешка било запишано името на сведокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.