Најпознатиот пензионер во Хрватска, кој се прослави неодамна по изјавата дека цел живот вежба, се појави и на модна писта.

Пензионерот Тони Селмани вчеравечер учествуваше на модната ревија на Саемот за венчавки во Загреб, каде се појави во друштво со бројни познати Хрвати.

Дедото Тони се однесуваше како професионалец на ревијата, која имаше хуманитарен карактер. Иако има 82 години, Тони се прошета по пистата како да е барем педесетина години помлад, пишуваат хрватските медиуми.

Видеото по кое Тони стана популарен, се уште се раскажува во регионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.