Британскиот уличен уметник Бенкси се врати во лондонското метро, со дело со кое луѓето ги охрабрува да носат маски.

Во видео кое го постави на неговиот Инстаграм профил, се гледа човек, за кој се верува дека е таинствениот уметник, облечен како професионален хигиеничар.

Тој на патниците во метрото им вели да се поттргнат како би можел да работи, цртајќи стаорци низ целата внатрешност на вагонот, пренесува БиБиСи.

 

View this post on Instagram

 

. . If you don’t mask – you don’t get.

A post shared by Banksy (@banksy) on

Делото е наречено „Без маска, не победувате“, содржи голем број нацртани стаорци во пози инспирирани од пандемијата, и со маски на лицето.

Еден од глодарите е нацртан како кива, додека друг користи спреј за дезинфекција.

Според препораките на лондонските власти, сите корисници на јавниот превоз мораат да носат маски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.