Кралицата Елизабета се врати на своите должности. Таа беше домаќин на генералот Сер Ник Картер во замокот Виндзор.

Фотографија од нивната средба беше објавена на официјалниот Инстаграм на кралицата и кралското семејство. Таа досега собра повеќе од 90.000 лајкови, а многу следбеници на кралското семејство изразија задоволство што кралицата се врати на функцијата.

Прекрасно е да се види. Неверојатна жена, Овој фустан и стои одлично, се дел од коментарите.

Но, последната фотографија била многу загрижувачка.

Многу е убаво да ја гледам, но загрижен сум. Изгледа навистина кревко, се надевам дека ќе стане посилна“, „Изгледа толку ситна“, „Нејзините раце се првото нешто што го забележав“, напишаа луѓето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.