За да помогнат во потрагата за лекот против коронавирусот, научниците го активирале и најмоќниот суперкомпјутер во светот изработен од IBM.

Заземајќи површина од два тениски терени во американската Национална лабораторија Oak Ridge Department за енергетика во Тенеси, Самит може да изврши 200 квадратни милијарди операции секоја секунда – околу милион пати повеќе од просечен лаптоп.

Минатиот месец, истражувачите го користеле за пребарување низ библиотека од 8.000 познати соединенија од лекови за да ја пронајдат онаа која веројатно би била ефикасна против коронавирусот. Овие соединенија вклучуваат хемикалии, билни лекови и природно производи кои се проучувани на луѓе или се веќе одобрени лекови – и што е важно, веќе се сметаат за безбедни за луѓе. Самит го намалил збирот на податоци на кратка листа од само 77 за два дена. Со користење на обичен компјутер, тој процес би траел со месеци

Логиката е дека ако било кое од овие соединенија делува, би требало да се забрза процесот на развивање на лекови за да се добие одобрение и широка употреба”, вели за “OneZero”

Молекуларниот биофизичар од Универзитетот во Тенеси, Џереми Смит. Тој и неговиот колега ги објавиле своите откритија на серверот за печетење во “ChemRkiv” во февруари и ја ажурирале работата додека правеле повеќе калкулации.

Ако било кое од соединенијата делува на животни, научниците би можеле да го прескокнат почетното истражување за безбедност кај луѓето и да минат на директно тестирање на лековите на нивната ефикасност кај оние кои се заразени.

Развивањето на лекови е прилично долготраен процес – може да минат 10 години пред новиот лек да се појави на пазарот од моментот кога е откриен, а многу пропаѓаат бидејќи не се безбедни или едноставно не се ефикасни. Затоа суперкомпјутерите како Самит се посебно корисни во случаи на глобално избивање на болест за која нема познат лек.

Резултатите не значат дека тимот пронашол лек за SARS-CoV-2. Виролозите од Универзитетот во Тенеси сега прават експерименти, и тврдат дека можеби нивниот лек нема да помогне во спречувањето на пандемијата, но дека би можел да биде ефикасен во иднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.