Во саботата во Охрид, „Спорт лајф“ го прогласи најдобриот од сите играчи во финалето на Типстер купот од втората пролетна етапа и му ги додели клучевите од главната награда – Пежо 308 на победникот Игор Ристевски од Скопје. Тој со вкупно 70.815 бодови во финалето го освои првото место.
„Спорт лајф“ за своите играчи и лојални членови обезбедува секогаш интересна понуда, со високи бонуси. Во моментов имаме над 1.000 игри и можности за добивка, а Типстер купот е традиција која години наназад им дава можност на учесниците да добијат вредни награди, истакнуваат од обложувалницата.
Втората пролетна етапа траеше вкупно четири месеци, започнувајќи на 1-ви Февруари, па се до 30-ти Мај, со финале од 10-ти до 30-ти јуни. Новата сезона на Типстер купот започнува на 1-ви септември 2019 година, а од „Спорт лајф“ најавуваат изненадување во однос на главната награда.
Типстер купот е натпревар како дел од програмата за лојалност и рангирање на редовните играчи на „Спорт лајф“. Со своите веќе уплатени тикети, сеедно дали се погодени или не, играчите, т.е. членовите во Sport Life Клубот се натпреваруваат кој е поуспешен во типувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.