Надбискупот од Кантербери за првпат по интервјуто што принцот Хари и Меган Маркл го имаа кај Опра Винфри, јавно го коментираше нивното тврдење бидејќи тој ги венчал на тајна церемонија неколку дена пред јавната венчавка во замокот Виндзор.

Таблоидот „Дејли Мејл“ пишува дека во текот на промоцијата на својата нова книга Џастин Велби ги негирал нивните изјави, објаснувајќи дека тој го потпишал документот точно на денот кога милиони луѓе ја следеле нивната венчавка.

Легалната венчавка беше во саботата, на 19 мај 2018 година во капелата Свети Џорџ. Го потпишав венчалниот лист, што е правен документ и би направил сериозен прекршок кога би потпишал нешто знаејќи дека е лажно. Затоа, кажете што сакате, но легалната венчавка беше во саботата – раскажува надбискупот.

Тој открива и дека пред самата венчавката со кралската двојка имал многу приватни и пасторални состаноци.

Сепак, нема да откријам што се случуваше на претходните состаноци – вели Велби.

Пред три недели Меган во интервјуто кај Опра изјави дека таа и Хари се венчале сами во дворот и дека со нив бил надбискупот од Кантербери.

Изјавата на Хари и Меган, кои сега се целосно ослободени од своите кралски должности, предизвика сомневање во јавноста, делумно затоа што за брак да биде законски во Велика Британија се потребни двајца сведоци.

Портпаролот на двојката за американскиот „Дејли бист“ изјави дека двојката разменила лични завети неколку дена пред официјалната венчавка на 19 мај.

Но, размената на заклетвата не значи и склопување на брак, а Хари во интервјуто рече дека „биле само тројца“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.