Оваа година не ги заборавивме и децата од ромската заедница, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Градско, Киро Нацков.
Секое дете од ромската населба „Стопанство“ беше израдувано со новогодишно пакетче. Со ова докажавме дека општина Градско се грижи за секоја категорија на граѓани. На сите им посакавме среќни празници и им ветивме дека ќе продолжиме да имплементираме мерки кои ќе имаат за цел да го подобрат животот на сите жители на општина Градско.
На ден пред доаѓањето на Новата година, градоначалникот на Градско ги посети и ги израдува и најмалите жители на општина Градско.
Децата од градинката “Кокичиња” и учениците во 1 одд. во нашето училиште, со доделување на новогодишни пакетчиња. Пристигнувањето на Дедо Мраз изнуди насмевки на детските лица, а со забавата која ја приреди аниматорот Мина Маус им овозможи на сите дечиња воодушевување и исклучителна игра што ќе ја паметат неколку дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.