Бил Гејтс нема навика да прави новогодишни одлуки. Наместо тоа, тој ја разгледува годината што поминала и размислува за неговите најголеми успеси и што можел да направи подобро.

Уникатниот начин на којшто Бил и Мелинда Гејтс ги донесуваат нивните новогодишни цели и одлуки

Поставување цели наместо одлуки
Сепак, оваа година и тој си поставил новогодишна одлука.

Иако никогаш не сум бил за новогодишните одлуки, секогаш сум поставувал јасни цели и правам планови за да ги постигнам. Како што стареам, овие две нешта сè повеќе и повеќе изгледаат како истата вежба.“

Во 2019-та година, Бил сака да се фокусира на проучување на начинот на којшто технологијата влијае на неколку области од нашите животи. Според него, една област се обидува да најде рамнотежа помеѓу приватноста и иновацијата кога станува збор за образованието и здравјето. Тој сака да го разгледа начинот на којшто образовниот систем им овозможува добро образование на учениците од сиромашните семејства, како и овозможувањето на најдобрата медицинска нега по разумна цена. Бил се надева дека ќе најде некој увид, но истовремено и да ја заштити приватноста на луѓето.

Бил, кој го направи неговото богатство со технологија, е заинтересиран за тоа ако таа влијае врз образованието.

Мислам дека конечно се спојуваат на начин којшто ќе ги исполни ветувањата.

Исто така тој бара начин да ја искорени Алцхајмеровата болест и се надева дека технолошкиот развој ќе му помогне во ова.

„Она што поврзува сè е моето верување дека иновацијата може да спаси животи и да го подобри животот на сите. Многу луѓе го потценуваат фактот дека иновацијата може да го направи животот подобар.“

Одбирање збор на годината
Од друга страна сопругата на Бил, Мелинда Гејтс, не верува во новогодишни одлуки, туку во „збор на годината“. Таа изјавила дека одбирањето на овој збор ги опфаќа сите планови за претстојната година.

Во минатото нејзините зборови биле нежност, што ѝ помогнал да се бори против совршенството, и пространост, збор што ѝ помогнал да направи место за нештата што се навистина важни. Во 2018-та година таа го избрала зборот милост, којшто ѝ помогнал да сфати дека сме дел од нешто поголемо од нас.

„Тоа е збор што добро ми служеше. Го користев во тешки разговори, долги денови во канцеларијата, зафатени патувања со нашата фондација и особено за време на зафатениот декември кога работевме да ја затвориме годината дома и на работа.“

Мелинда сè уште нема одбрано збор за 2019-та година и уште го користи оној од минатата.

Она што го сакам за милоста, барем начинот на којшто ја дефинирам, е тоа што нè извлекува од нас и нè носи на повисока димензија, нè прави поотворени кон светот, кон нови искуства, и едни кон други. Создава врски и ја охрабрува емпатијата. Скршеното срце ми дава итност. Моментот со милост ми дава надеж. И двете се клучни за да бидам личноста која што сакам да бидам и да ја правам работата во којашто верувам. Тоа е моќта на добро избраниот збор на годината. Ја прави годината подобра и ми помага јас да бидам подобра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.